Трипуновски до Мијалков, Јанчев, Тодорв, Коневски: Одработувате да се спасите себе си и да го уништите ВМРО-ДПМНЕ

1,877

Членот на ВМРО-ДПМНЕ и заменик министењрот за земјоделство Цветан Трипуновски преку Фејсбук им порача на поранешните сопартијци кои побараа оставка од лидерот Христијан Мицкоски наместо да го критикуваат Мицкоски зошто ниту еднаш не го критикувале, хибродниот режим на Заев.

– Ги гледам сега сите експерти, поранешни функционери во ВМРО-ДПМНЕ, тие знаеле како треба. Па браќа мои, ако можам така да Ве наречам, каде бевте бе Вие три години, зошто барем еднаш не излеговте и јавно да го искритикувате хибридниов режим на Заев?! Или три години убаво Ви беше, одработувавте, Ве ведеше од притвори и Ви ги заташкуваше случаите?! А Вие му враќавте услуги и му собиравте пратеници.






И додека заглавивте недолжни луѓе во затвори, да лежат, Вие се пазаревте и уште се пазарите. Па сега не само што одработувате да се спасите себе си, туку одработувате и да го уништите ВМРО-ДПМНЕ, партијата која Ве направи луѓе., напиша Трипуновски.

 

Поврзани содржини