ТРИГОДИШНО ДЕТЕ ГО СТАВИЛО ТРАКТОРОТ ВО БРЗИНА Дедото завршил со тешки повреди

Дедото се здобил со повредите откако неговиот тригодишен внук, додека тракторот работел во место, случајно го ставил во брзина, по што се придвижил и го удрил.

184

Тригодишно дете случајно го ставило тракторот во брзина, по што тој се придвижил и удрил во неговиот дедо, кој се здобил со тешки повреди, соопшти полицијата.

На 24.04.2025 во 10.50 часот во Полициската станица Ресен е пријавено дека во дворот од семејната куќа во селото Крани, сопственикот Н.Б.(63) бил удрен од трактор и се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола.






Според пријавеното, тој се здобил со повредите откако неговиот тригодишен внук, додека тракторот работел во место, случајно го ставил во брзина, по што се придвижил и го удрил.

Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани содржини