ТРИ ЖЕНИ СЕ СТЕПАЛЕ ВО ВОЛКОВО Едната завршила во болница

Како што е наведено во полицискиот билтен, тепачката се случила во саботата околу 11 часот.

1,065

Три жени се степале во скопско Волково, а едната завршила во болница поради здобиените повреди, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

Како што е наведено во полицискиот билтен, тепачката се случила во саботата околу 11 часот.






„Во СВР Скопје од Градската општа болница ‘8 Септември’ било пријавено дека кај нив била донесена Т.Ј.З.(28) од Скопје со повреди здобиени од физички напад. Според пријавеното, истиот ден околу 11.00 часот во селото Волково таа била физички нападната од две женски лица“, наведено е во полицискиот билтен.

Полицијата работи на расчистување на случајот, се додава во соопштението.

Поврзани содржини