ТРИ ВОЗИЛА И ЕДНА БАНДЕРА ГОРЕА УТРОВО Полицијата изврши увид, но не соопшти детали
Полицијата не соопшти која била причината за пожарот и кој го предизвикал.
Рано утрово на булевар Партизански Одреди се случил пожар на три патнички возила и една бандера.
Пожарот, како што соопшти полицијата, настанал во патничко возило „митсубиши колт“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.П.(24) од Скопје. Од пожарот бил зафатени уште две возила – „рено меган“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.Б.(30) и патничко возило „дајхатсу сирион“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Г.М.(55) од Скопје.
Полицијата информира дека во пожарот била зафетена и една бандера, сопственост на ЕВН.
За пожарот полицијата била информирана во 3.20 часот денеска.
Извршен е увид на местото. Полицијата не соопшти која била причината за пожарот и кој го предизвикал.