ТРИ УКРАИНСКИ РЕГИОНИ ИЗГЛАСАА ОТЦЕПУВАЊЕ Сакаат да се приклучат кон Русија

Москва организираше референдум во четири окупирани региони, што Украина, Западот и ОН не ги признаваат бидејќи не се во согласност со меѓународното право и Повелбата на ОН.

339

Проруските власти во три украински региони прогласија победа на илегалниот референдум за присоединување со Русија. Москва организираше референдум во четири окупирани региони, што Украина, Западот и ОН не ги признаваат бидејќи не се во согласност со меѓународното право и Повелбата на ОН.

Локалното гласачко тело во јужниот регион Запорожје објави дека 93,11 отсто од гласачите се одлучиле за руска анексија по пребројувањето на сите гласачки ливчиња.






Во Керсон властите објавија дека 87,05 проценти од гласачите решиле да се приклучат на Русија.

Додека во источниот регион Луганск, што е под контрола на проруските сепаратисти, 98 отсто од гласачите од преброени 91,2 отсто од гласачките ливчиња, се изјасниле за присоединување кон Русија.

Русија организираше референдум во четири украински региони – Запорожје, Керсон, Луганск и во Доњецк.

Поврзани содржини