Три случаи на тепање на сопругите, а во еден и на три малолетни деца
Додека едниот физички се пресметувал со полицаец, другиот го снимал настанот.
ГОСТИВАРКА ПРИЈАВИЛА НАПАД И СИЛУВАЊЕ – На 20.12.2020 во 02.10 часот во Полициската станица Гостивар, 34 -годишна жена од Гостивар пријавила дека А.С.(49) од Гостивар, со кого живеела во вонбрачна заедница, физички ја нападнал и извршил обљуба врз неа. А.С. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ЈА ТЕПАЛ СОПРУГАТА И ТРИТЕ ДЕЦА – На 20.12.2020 во 07.15 часот на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Р.К.(42) од Скопје, поради сомнение дека физички ја нападнал неговата 34-годишна сопруга и нејзините три малолетни деца од претходниот брак. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ВЕЛЕШАНЕЦ ЈА ТЕПАЛ СОПРУГАТА – На 19.12.2020 во 17.15 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Е.Х.(38) од Велес, поради сомнение дека физички ја нападнал неговата 34-годишна сопруга. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ЛОВЕЛЕ РИБА БЕЗ ДОЗВОЛА – СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Б.(38) од охридското село Трпејца и Р.Б.(36) од селото Пештани, поради постоење основи на сомение за сторено кривично дело „незаконит риболов“. Тие на 02.12.2020 биле затекнати при излегување од пловен објект во водите на Охридско Езеро, во близина на населбата „Лагадин“, а при преглед полициските службеници пронашле и одзеле 110 парчиња риба белвица, 30 парчиња риба грунец, клен, мрена, како и 9 рибарски мрежи. Пронајдените предмети биле предадени во Јавната научна установа „Хидробилошки завод“ Охрид.
МУ НАШЛЕ ДРОГА ВО ЏЕБОТ – ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против В.С.(23) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 07.10.2020 во с.Здуње, гостиварско, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана и МДМА психотропна супстанца.
МОМЧЕ НАПАДНОТ ВО ГРАДСКИ ПАРК – На 19.12.2020 во 16.30 часот во СВР Скопје, И.С.(18) од Скопје пријавил дека на 18.12.2020 околу 23.00 часот во Градски парк бил физички нападнат од три лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ВО КОЛА МУ НАШЛЕ МАРИХУАНА – ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против А.Е.(25) од Гостивар и А.А.(39) од с.Ростуше, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 25.12.2019, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „форд ескорт“, управувано од А.Е., каде сопатник бил А.А, при што била пронајдена марихуана.
ЗАПАЛЕНИ ДВЕ БАРАКИ ВО ДРАЧЕВО – На 19.12.2020 во СВР Скопје, од Бригадата за противпожарна заштита Скопје било пријавено дека во населба Драчево, скопско, настанал пожар во две бараки, сопственост на Д.Б.(51) и Б.С.(75), двајцата од Скопје. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита, а повредени лица нема. Увид бил извршен од екипа на СВР Скопје.
НАМЕСТО ВО КАРАНТИН, ШЕТАЛ НИЗ ГРАД – ОВР Ресен поднесе кривична пријава против Н.Ј.(26) од с.Љубојно, ресенско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“. На 16.11.2020 полициски службеници извршиле контрола и не го пронашле пријавениот во неговиот дом и покрај тоа што требало да биде во домашна изолација со решение од ДСЗИ.
НАПАДНАЛЕ ПОЛИЦАЕЦ И ГО СНИМАЛЕ ТОА – ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против Д.Н.(35) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“, против М.И.(35) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено снимање“ и против С.Т.(37) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“. На 09.04.2020 во Гостивар, првопријавениот физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија, второпријавениот снимал со својот телефон, а третопријавениот со агресивно однесување ги спречувал полициските службеници при извршување службени задачи.
ИСЧЕЗНАТО ДЕВОЈЧЕ ОД ЧАИР – На 19.12.2020 година околу 13:50 часот во Полициска станица Чаир, И.А.(43) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечила неговата малолетна ќерка С.А.(15) . Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
ОГРАБЕНА ОБЛОЖУВАЛНИЦА ВО АЕРОДРОМ – На 19.12.2020 година во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница на бул.„Јане Сандански“ две лица со закана одзеле пари од вработените. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СЕ ВОЗЕЛ СО КОЛА НАМЕСТО ДА СЕДИ ДОМА – ОВР Демир Хисар поднесе кривична пријава против З.О.(46) од с.Единаковци, демирхисарско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“. На 22.11.2020, полициски службеници, при редовна контрола, го затекнале З.О. како управува патничко возило и покрај тоа што имал решение за изолација од ДСЗИ.