ТРИ ПЛАТИ ОДНАПРЕД ЗА ДИПЛОМAТИТЕ ВО УКРАИНА Скопје платило и кирија за три месеци
Дадовме однапред плата за три месеци за амбасадорите, за кирија, за да не остане амбасадата без средства доколку банките таму затворат, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешниот брифинг.
Министерството за надворешни работи однапред исплатило криија и плати за три месеци на вработените во македонската амбасада во Украина, поради страв од евентуално крахирање на тамошниот финансиски систем.
Мапирни се сите наши граѓани во Украина и Амбасадата во Киев ги има контактирано. Семејствата на дипломатите се вратени, а дипломатите остануваат таму. Дванаесет луѓе веќе ја информирале амбасадата дека се вратиле во државата, а за враќање во земјава сѐ уште може да се користат комерцијални летови.
– Дадовме однапред плата за три месеци за амбасадорите, за кирија, за да не остане амбасадата без средства доколку банките таму затворат – рече министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешниот брифинг.
Тој потврди дека семејствата на двајцата македонски дипломати во Украина се повлечени. Засега остануваат 30 набљудувачи во рамки на специјална мониторинг мисија на ОБСЕ, иако некои земји веќе ги имаат повлечено или дислоцирано на побезбедна локација.
– Нашата позиција е поспецифична, ние сме дел од претседавањето со ОБСЕ и повеќе внимаваме какви пораки ќе испратиме, но сме во комуникација со набљудувачката комисија и со генералниот секретар на ОБСЕ – додаде Османи.