Во близина на Берлин, кај местото Сензинг, пронајдени се пет мртви тела, а од нив три се на деца, пренесуваат германските медиуми.
Како што информира портпаролот на тамошната полиција, по дојава, денеска претпладне во куќа биле пронајдени петт тела.
Постојат сомнежи дека станува збор за убиство и во тек е голема истрага на полицијата, со цел да се дознаат повеќе детали за случајот.
– На телата видливи се прострелни и убодни рани – изјавил државниот обвинител во разговор за германски „Билд“.