ТРИ НАПАДИ НА УЧЕНИЦИ ЗА ЕДЕН ДЕН Малолетници претепани во Скопје и во Виница

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека преземаат мерки за целосно расчистување на овие случаи.

1,842

Полицијата доби три пријави за физички напади врз малолетници, од кои два случаи се регистрирани во Скопје, а еден во Виница.

Во првиот случај, вчера во 11:30 часот, 41-годишен маж пријавил во полицијата во Скопје дека неговиот малолетен син бил нападнат од двајца соученици во основно училиште во општина Карпош. Според пријавата, при нападот биле употребени и тврди предмети.






Во друг инцидент, пријавен во полициска станица во Скопје, малолетник бил физички нападнат со тврд предмет од негов соученик во средно приватно училиште во Карпош.

Третиот случај се случил во Виница, каде вчера попладне било пријавено дека на 11 март, околу 18:30 часот, малолетник бил нападнат од шест лица, од кои тројца биле малолетни. И во овој напад бил употребен тврд предмет.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека преземаат мерки за целосно расчистување на овие случаи.

Поврзани содржини