📽️ (ОБНОВЕНО) ТРИ КАТА ОШТЕТЕНИ, БРАТ И СЕСТРА ПОВРЕДЕНИ Причината за експлозијата во Смедерево била запалена плинска боца

Најмалку едно лице го загубило животот, а две се повредени, јавува РТС. Братот и сестрата се здобиле со лесни и средни повреди.

2,894

Најмалку едно лице загина, а две други се повредени во експлозија во зграда во центарот на Смедерево, според неофицијални информации. Експлозијата се слушнала и на периферијата на градот. Причината е запалена плинска боца.

Експлозија се случила на четврти кат од зграда во центарот на Смедерево, а Мондо пишува дека три ката се демолирани. Најмалку едно лице го загубило животот, а две се повредени, јавува РТС. Братот и сестрата се здобиле со лесни и средни повреди. Итната помош и пожарникарите се на терен, а спонтано се собираат и граѓани.






Причината за експлозијата сè уште се утврдува. За експлозијата се огласи и српското Министерство за внатрешни работи.

„Во Смедерево вечерва околу 20 часот и 35 минути дошло до експлозија на последниот кат од станбена зграда на улицата Слобода. Според досегашните информации две лица се повредени . Припадници на полицијата и итната помош, како и итните служби се на терен“, се вели во соопштението.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

 

Поврзани содржини