🎥 ТРИ ХЕЛИКОПТЕРИ УТРОВО ГО ГАСНАТ ПОЖАРОТ КАЈ БЛАЦЕ Фрлен отпушок можна причина за пожарот
Од Центарот информираат и дека на утрово се активни 4 пожари. Покрај овој во Општина Чучер Сандево активни пожари има и кај прилепското село Бешиште , потоа во општина Македонски Брод: кај селото Црешнево и под Солунска глава во општина Чашка.
Утрово 3 хеликоптери го гаснат пожарот на територијата на Општина Чучер Сандево, селата Чучер и Блаце, иформираа од Центарот за управување со кризи.
„На пожарот дејствуваат и силите на противпожарни екипи на Град Скопје, комуналното претрпијатие и екипа на Црвен крст со еден базен од кој хеликоптерите полнат вода“, се наведува во соопштението.
Се претпоставува дека пожарот е предизвикан од отпушок или е подметнат.
– Од мое непосредно забележување можам да кажам дека овој пожар изби непосредно до магистралниот пат кон Блаце и можна причина е фрлен отпушок од цигара од возило во движење или намерно потпалување. Затоа, апелираме до граѓаните да се однесуваат совесно и никогаш да не фрлаат отпушоци од цигари надвор од возило, дури и тогаш кога се убедени дека се изгаснати – изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.