ТРИ ГОЛОВИ ВО МРЕЖАТА НА ШЕФИЛД Манчестер сити е финалист на ФА Купот
Во финалето на ФА Купот, Манчестер сити ќе игра со победникот од натпреварот Брајтон – Манчестер јунајтед.
Манчестер сити вечерва го победи Шефилд јунајтед со 3:0 во полуфиналето на ФА Купот.
Хет-трик на натпреварот постигна Ријад Марез, првиот гол го даде од пенал.
Во финалето на ФА Купот, Манчестер сити ќе игра со победникот од натпреварот Брајтон – Манчестер јунајтед.
Сити е шесткратен освојувач на ФА Купот. Актуелен победник на турнирот е Ливерпул.