ТРИ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ВОЗАЧОТ КОЈ ЈА ПРЕГАЗИ ВИКТОРИЈА КАЈ СИТИ МОЛ Обвинетиот ја призна вината

На пресудата ѝ претходеше признание на вина од страна на обвинетиот. Судењето го водеше судијката Љубинка Башевска.

517

Обвинетиот во случајот со сообраќајната несреќа кај Сити мол, Јордан Ѓорѓиев, од Основниот Кривичен суд – Скопје денеска беше осуден на казна затвор од три години.

На пресудата ѝ претходеше признание на вина од страна на обвинетиот. Судењето го водеше судијката Љубинка Башевска.






Трагичната сообраќајната несреќа се случи на 20 јануари годинава во близина на крстосницата кај трговскиот центар „Сити мол“, каде што животот го загуби Викторија Николова. Според пресудата, обвинетиот се движел со брзина од 67,3 километри на час, брзина поголема од 17 километри на час од предвидената.

Поврзани содржини