ТРИ ДЕНА ПОСЕБЕН РЕЖИМ ВО СКОПЈЕ Утре е главниот настан, бидете трпеливи апелираат од МВР

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициските службеници.

904

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека на 12, 13 и 14.06.2024 (среда, четврток и петок), поради одржување на министерски состанок во рамките на Процесот за соработка на Југоисточна Европа(ПСЈИЕ) и Самит на шефови на држави и влади во рамките на Процесот за соработка на Југоисточна Европа, СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на поширокото централно подрачје на Град Скопје.

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициските службеници.

Поврзани содржини