Три дена по невремето не е средена сигнализацијата на пругата Велес – Згрополци

Од ЈП МЖ Инфраструктура информираат дека нивни екипи интензивно работат на отстранување на дефектот и дека рампите најдоцна до утре попладне, повторно ќе бидат пуштени во функција.

323

Поради силното невреме што се случи во неделата по полноќ, оштетен е железничкиот СТА кабел на пругата Велес – Згрополци после мостот кај Канатларци и веќе трет ден не функционираат пет автоматски сигнални рампи на пругата, од кои најголемиот дел се поставени низ Велес.

Од ЈП МЖ Инфраструктура информираат дека нивни екипи интензивно работат на отстранување на дефектот и дека рампите најдоцна до утре попладне, повторно ќе бидат пуштени во функција.






Васил Алтанџиев раководител на сектор ЕТП  при ЈП МЖ Инфраструктура, вели дека  настанатиот дефект од невремето нивни екипи веднаш излегле на терен, но поради голема вода на пругата не можеле веднаш да интервенираат.

– Од вчера нашите екипи се на терен со механизација и работат на отстранување на дефектот, а за што е ископан и ров од 100 метри. По направените подготовки денеска нашите екипи веќе работат на поставување на нов кабел од 120 метри кој ќе се поврзе со стариот кабел на овој дел од пругата – рече Алтанџиев.

 

Поврзани содржини