ТРИ БАЛКАНСКИ АРМИИ ЌЕ ВЕЖБААТ, БЕЛГРАД РЕАГИРА Албанија, Косово и Хрватска состанчеле во Скадар
Првата трилатерална вежба на Хрватска, Албанија и на Косово во 2026 ќе се одржи во рамки на НАТО концептот, информира министерот за одбрана на Албанија. Србија реагираше со осуда и предупредување за безбедносни ризици.
Трилатерална воена вежба ќе ја одбележи 2026 година. Хрватска, Албанија и Косово ќе ги здружат силите на заеднички терен. Албанскиот министер за одбрана Пиро Венгу ја најавил првата заедничка вежба меѓу трите земји. Вежбата произлегува од меморандумот за соработка потпишан на 18 март 2025 година во Тирана.
Венгу објавил дека направиле нов чекор во спроведувањето на договорот. Началниците на генералштабовите на Албанија и на Хрватска, како и командантот на Косовските безбедносни сили, одржале состанок во Скадар.
Фокусот го ставиле на координација, интероперабилност и на оперативна подготвеност. Посебен акцент земјите ставиле на заеднички обуки за справување со безбедносни предизвици и со хибридни закани.
„Првата трилатерална вежба ќе се одржи во 2026 година, во согласност со Стратешкиот концепт на НАТО и евроатлантските цели“, објавил Венгу.
Состанокот во Скадар предизвика реакција од српското Министерство за одбрана. Министерството соопшти дека остро го осудува продлабочувањето на воената соработка.
„Продлабочувањето на воената соработка претставува фактор на притисок и безбедносен предизвик за Србија и српскиот народ на Косово, како и закана за мирот и стабилноста во регионот“.
Претходно, на 30 јануари 2026 година, во Загреб се одржал состанок на ниво на директори за одбранбена политика и вооружување.
Вежбата ќе се одржи во согласност со Стратешкиот концепт на НАТО. Албанија и Хрватска се членки на Алијансата. Косово не е формална членка, но соработува со западните партнери.
Највисоките претставници на Србија по потпишувањето на меморандумот истакнаа дека тоа претставува кршење на подрегионалниот договор за контрола на оружјето од 1996 година и Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите Нации и дека е директно насочен против Србија
. Според Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ООН, КФОР е единствената вооружена сила во Косово и Метохија.