ТРЕТА СРЕЌА ЗА СКОПЈАНЕЦОТ КРИСТИЈАН НА ВОДИЦИ Го фати крстот во Вардар, г.г. Стефан го нарече херој

Тоа јавување на Бога на реката Јордан, кое и денеска нè собра тука, на Вардар, нашиот македонски Јордан е најцелосното и најјасното јавување на Бога пред човечкиот род, кажа г.г. Стефан.

1,606

Кристијан Нинески утринава го фати крстот во водите на Вардар меѓу 130 верници кои скокаа. Тој беше даруван од присутните и од архиепископот г.г.Стефан кој го нарече момчето „херој кој го извади крстот“.

– Со прекрасниот поздрав Бог се јави и со радосниот одговор Навистина се јави, христијанските народи на овој велелепен ден го потврдуваат своето непоколебливо верување дека Бог навистина се јавил во светот и дека светот му поверува, како што сведочи и светиот апостол Павле. Тоа јавување на Бога на реката Јордан, кое и денеска нè собра тука, на Вардар, нашиот македонски Јордан е најцелосното и најјасното јавување на Бога пред човечкиот род – кажа г.г. Стефан.






Нинески го фати крстот и во 2019 и во 2020 година. Сите учесници кои денеска скокале биле полнолетни.

Поврзани содржини