ТРЕНИРАЛ ДЕЦА, СЕГА ОСОМНИЧЕН ЗА УБИСТВО НА ДЕТЕ Кој е каратистот од Велес, еден од уапсените за убиството на Вања?
На своите профили на социјалните мрежи Видевски објавувал фотографии со децата кои ги тренирал.
Меѓу петтемина осомничени за убиството на Вања Ѓорчевска, е и Боре Видевски, каратист од Велес, кој со години тренирал деца во боречки вештини.
На своите профили на социјалните мрежи Видевски објавувал фотографии со децата кои ги тренирал. Коментарите под фотографиите сведочат дека осомничениот Боре, освен што бил признат и докажан спортист, бил омилен кај своите ученици, и почитуван од нивните родители.
Засега не се знае каква била неговата улога во киднапирањето на 14-годишната Вања.
Јавниот обвинител Гаврил Бубевски вчера на прес-конференцијата рече дека осомничените ја признале вината, како и дејствијата што секој од нив поединечно ги презел, но не соошти повеќе детали. На распитот тие го откриле времето кога е убиена Вања, и кога е убиен велешанецот Панче Жежовски. Сепак, додаде Бубевски, тоа е само нивна верзија.
Велешкиот спортист Видевски, кој е во притвор, беше уапсен во неговата школа за боречки вештини во Велес. Тој е тајно изведен на суд, откако беше спроведен во судницата преку гаражата на судот, а потоа во лифтот до третиот кат.
Видовски е еден од тројцата приведени осомничени, меѓу кои се Велибор Манев и Влатко Кешишев. Освен за киднапирање, сите тројца се осомничени за двојно убиство, на Вања Ѓорчевска (14) и 74-годишниот Панче Жежовски, фризер од Велес. Тие во понеделникот наутро добија притвор до 48 часа.