Тренерот на Милан го сака Енис Барди по секоја цена
Барди има договор со шпанскиот клуб Леванте до 2022 година и неговата вредност се проценува на 15 милиони евра, па „росонерите“ во него гледаат идеално засилување.
Македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди би можел да се пресели во редовите на Милан до крајот на летниор преоден рок.
Тренерот на италијанскиот клуб, Стефано Пиоли, бара засилувања за лседната сезона, а на неговата листа се наоѓа и Барди кој треба да биде замена за Турчинот Хакан Чалханоглу кој потпиша за лутиот ривал Интер.
Барди има договор со шпанскиот клуб Леванте до 2022 година и неговата вредност се проценува на 15 милиони евра, па „росонерите“ во него гледаат идеално засилување.