Треба ли да се плашиме од новиот ламбда-сој на корона?

Шилестиот протеин во ламбда сојот содржи нови мутации, наречени L452Q и F490S, во доменот што го врзува рецепторот. Овој рецептор е „клучот“ што вирусот го користи за врзување и влегување во клетките домаќини.

1,239

Многу сензационалистички наслови и дискусии се јавија по објавата дека се појави нов сој на корона. Ламбда-сојот, именуван по 11-та буква од грчката азбука веќе го има во 27 земји. Но, дали тој може да ја „пробие“ вакцината, прашува статија на IFL Science?

Најголемата загриженост околу овој вид е дали протеинските мутации ќе влијаат на ефективноста на вакцините. Светската здравствена организација почна да го прати овој ламбда-сој затоа што вирусот покажува генетски промени за кои се предвидува или се знае дека влијаат на неговото пренесување и сериозноста на болеста.






Властите во Перу, од кај што лани се појави овој сој, објавија дека 81 процент од случаите на коронавирус од април 2021 година се поврзани со ламбда-сојот. Англија пријави шест случаи на овој вид, сите поврзани со патувања во странство. Шилестиот протеин во ламбда сојот содржи нови мутации, наречени L452Q и F490S, во доменот што го врзува рецепторот. Овој рецептор е „клучот“ што вирусот го користи за врзување и влегување во клетките домаќини.

Сепак, во извештајот на Светската здравствена организација од 15 јуни, се вели дека ламбдата е одговорна за значителни стапки на пренесување на корона во неколку земји, особено Чиле, Перу, Еквадор и Аргентина.

Вакцините и штитат и не штитат против ламбдата

И да и не. Две првични студии за ефикасноста дале два спротивни резултати.

Во првото истражување спроведено од научници од Универзитетот во Сантијаго во Чиле, истражувачите заклучиле дека мутациите присутни во шилестиот протеин на вирусот ламбда се помалку подложни на антитела произведени од КоронаВак, кинеска вакцина која многу се користи во Чиле.

Сепак, друга студија објавена од Медицинскиот факултет „Гросман“ на Универзитетот во Њујорк дошла до спротивниот заклучок. Имено, научниците заклучиле дека вакцините што моментално се користат штитат од варијантата ламбда.

За сега, уште е рано да се извлечат заклучоци во врска со видот на ламбдата и потенцијалот за епидемии. Сепак, научниците и медицинските лица ширум светот сигурно будно ќе ја следат.

Поврзани содржини