ТРЕБА ДА СЕ СПРЕЧИ ОСЦИЛАЦИЈАТА НА ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА Повик од ОПЕК за координирано производство на нафта
Ирачкиот министер за нафта Хајан Абдул Гани денеска изјави дека некои нафтени компании кои работат на југот се обврзани да го намалат производството за да ги исполнат договорените стапки на ОПЕК +.
Потребна е координација меѓу земјите извознички на нафта за да се осигура дека цените на нафтата нема да осцилираат на пазарот, изјавија ирачкиот премиер Мохамад ал-Судани и генералниот секретар на ОПЕК Хаитам ал-Гаис по последната средба.
Ирачкиот министер за нафта Хајан Абдул Гани денеска изјави дека Ирак има намера да го задржи темпото на намалување на производството на нафта од 220.000 барели дневно во согласност со неговата квота според последниот договор на ОПЕК +.
– Ги обврзавме некои нафтени компании кои работат на југ да го намалат производството за да ги исполнат договорените стапки на ОПЕК + – рече Гани.
Ирак е еден од основачите на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК).