📽 ТРЧАЈ, БРАТ, СПАСИ ЈА! Жена почна да се дави во поплавата во Белград?
На видео снимено во Белград се гледа жена која се обидува да најде решетка за да истече огромното количество вода, но наводно почнува да се дави, а работникот од „Градска чистота“ истрча да ја спаси.
Невидено невреме ноќеска, а потоа и утрово, го зафати Белград. Драмата по улиците не стивнува, луѓето трчаат да ги спасат своите станови, куќи и возила. Драматична сцена е снимена и на Петлово Брдо, а работник на „Градска чистота“ направи јуначки потег, објави српски Мондо.
На снимка објавена на социјалните мрежи, се забележува жена која се обидува да најде решетка, за време на поплавата, за да истече огромното количество вода, но наводно почнува да се дави, а работникот од „Градска чистота“ истрча да ја спаси.
– Оди таму брат, трчај, брат, жената се дави – му вели момче од камионот на колегата.
Работникот бргу стигнува до жената и ја спасува.
View this post on Instagram
📽 ЌЕ СЕ СЛУЧИ ЛИ ОВА ВЕЧЕРВА КАЈ НАС? Невремето од Белград се спушта кон Македонија