ТРАНСРОФМАТОРОТ НА РЕК БИТОЛА ЌЕ СЕ РЕПАРИРА ВО БЕЛГРАД Договорот со фирмата „Комел“ вреди 1,9 милиони евра

Според договорот српската фирма има рок од 9 месеци да ја заврши репарацијата на трансформаторот.

127

Компанијата „Комел“ од Белгард ќе го репарира трансформаторот (250 МVA,15,75/420kV)  на термоелектраната во  РЕК Битола. ЕСМ и оваа компанија потпишаа договор за јавна набавка вредна 1.918.699 евра

Според договорот српската фирма има рок од 9 месеци да ја заврши репарацијата на трансформаторот. Компанијата треба да го утврди дефектот, да го поправи, провери како ќе работи и да го транспортира и монтира во термоелктраната во Битола. ЕСМ пак има обврска да уплати аванс од 20 отсто од договорената цена односно 324.175 евра и соодветна банкарска гаранција.






Основана дејност на компанијата „Комел“ е производство и ремонт на енергетски трансформатори, проектирање, инженерство и изведување работи, како и сервисирање и продажба на опрема со низок, среден и висок напон.

Нејзини парнтери долгогодишни партнери се компаниите: „Сименс“, „Џенерал Електрик“, „АББ“, „Шнајдер Електрик“.

Поврзани содржини