ТРАНСРОДОВА ЗАТВОРЕНИЧКА ЗАБРЕМЕНИЛА ДВЕ ДРУГИ ЗАТВОРЕНИЧКИ По разоткривање на настанот била преместена во машки затвор
По нејзиното префлрање во машкиот затвор Деми Мајнор се обидела да се обеси.
Трансродова затвореничка, која е родена како биолошки маж забременила две други затворенички во единствениот женски затвор во американската сојузна држава Њу Џерси, е преместена во машки затвор.
Деми Мајнор, која отслужува 30-годишна затворска казна за прободување на нејзиниот поранешен старател, во јуни била префрлена од женскиот казнено-поправен дом „Една Мејхан“ во поправниот дом за млади лица „Гарден стејт“. Таа, притоа, се жали на кршење на нејзините права и во објава на својот блог тврди дека по преместувањето, се обидела и да се обеси.
– Прифатив дека сум во машка институција, но не прифатив дека сум ништо друго освен жена, која случајно е трансродова! – изјави таа.
Мајнор го обвини затворот дека ѝ нанел „непоправлива психолошка болка“ изложувајќи ја на овие предизвикувачки ситуации.
– Не умеам да живеам како маж и одбивам кога било да им се вратам на таквите навики или однесување – пишува таа на својот блог, жалејќи се и на тоа што новиот затвор нема клима-уред, ни кабловска телевизија и не дозволува видеоповици, како ниту ЛГБТК-групации.
– Психички не сум своја и ја губам својата суштина. Деми, која сака да се шминка и да се дружи со другарките, тука не смее – додаде таа.
Мајнор била префрлена откако било откриено дека е одговорна за бременоста на две затворенички. Установата со 800 затворенички, инаку, почна да прима трансродови жени вклучително и онакви на кои допрва треба да им биде извршена операција за промена на полот, по тужба минатата година. Сега има 27 транс-затвореници.