Трансфер бомба од Истанбул! Алиоски се сели во Галатасарај?

Џани засега не сака да брза во одлуката, се надева дека ќе остане во тимот на Марсело Бјелса и ќе продолжи да се натпреварува во најатрактивната фудбалска лига во светот.

283

Медиумите во Туција најавуваат сензационален трансфер на македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски во редовите на Галатасарај по крајот на оваа сезона како слободен играч.

Македонскиот репрезентативец влезе во последните шест месеци од договорот со Лидс јунајтед и додека чека понуда за негово продолжување, турскиот гигант се обидува да ги присвои неговите услуги.






Џани засега не сака да брза во одлуката, се надева дека ќе остане во тимот на Марсело Бјелса и ќе продолжи да се натпреварува во најатрактивната фудбалска лига во светот.

Алиоски од летото 2017 година е член на Лидс и досега запиша вкупно 152 настапи во сите натпреварувања, во кои забележа 22 погодоци и 17 асистенции. Сезонава е редовен стартер на левата бековска позиција, што е знак дека Бјелса многу смета на него.

Поврзани содржини