ТРАМП ЗАМОЛИЛ, ПУТИН СЕ СОГЛАСИЛ, ЗЕЛЕНСКИ СКЕПТИЧЕН Ќе има ли прекин на нападите врз Киев до 1 февруари?

Заедно со скептицизмот околу тоа дали Путин навистина се согласил привремено да ги запре нападите врз украинската енергетска инфраструктура, Володимир Зеленски претходно се осврна на извештаите дека рускиот претседател наводно го поканил во Москва. Зеленски вели дека тоа е исто невозможно како да го покани Путин на средба во Киев.

1

Кремљ објави дека рускиот претседател  се согласил привремено да ги запре нападите врз украинските градови до 1 февруари. Одлуката следела по лично барање од американскиот претседател, со цел да се создадат поволни услови за можни преговори.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, потврди дека иницијативата дошла директно од Вашингтон. Тој нагласи дека Трамп побарал една недела воздржаност од напади врз Украина, во период кога земјата се соочува со екстремен студ и сериозни проблеми со електричната енергија и греењето.






– Да, секако. Тоа беше лично барање на претседателот Трамп – изјави Песков, одговарајќи на прашањето дали Путин го прифатил предлогот.

Американскиот претседател претходно, на состанок на кабинетот, рече дека побарал запирање на нападите со долг дострел кои ја оставиле  без струја и греење. Тој додаде дека рускиот лидер се согласил на привремен прекин.

Украинската државна метеоролошка служба вчера објави нагло опаѓање на температурите во наредните денови, дури до -30 степени.

Паралелно со овие дипломатски сигнали,  соопшти дека руските сили презеле контрола врз три украински населби. Според тврдењата, станува збор за Ричне и Тернувате во југоисточниот дел на земјата и Бересток во источниот регион Донецк. Овие информации засега не се независно потврдени.

Заедно со скептицизмот околу тоа дали Путин навистина се согласил привремено да ги запре нападите врз украинската енергетска инфраструктура, Володимир Зеленски претходно се осврна на извештаите дека рускиот претседател наводно го поканил во Москва.

Зеленски вели дека е подготвен за состанок на лидери во кој било формат, но не во Москва, нарекувајќи ја таквата опција „невозможна“. Тој додаде дека нема да се сретне со Путин ниту во Белорусија, земја со силни врски со Кремљ.

– Апсолутно е невозможно за мене да се сретнам со Путин во Москва. Тоа би било исто како да се сретнам со него во Киев. Можам исто така да го поканам во Киев, нека дојде. Го поканувам јавно, ако се осмели, се разбира.

Поврзани содржини