Трамп: Средба со Мадуро само за негово заминување од власта

161

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска се осврна на својата претходна изјава дека ќе размисли за средба со претседателот на Венецуела Николас Мадуро, наведувајќи дека ќе се сретне со него само за да разговараат за негово заминување од власта.

– Мојата администрација секогаш беше на страната на слободата и против угнетувачкиот режим на Мадуро. Со Мадуро би се сретнал само за да разговараме за една работа: мирно заминување од власта!, напиша Трамп на својот профил на Твитер.






Тој додаде дека секогаш ќе биде против социјализмот и со луѓето од Венецуела.

Поврзани содржини