ТРАМП САКА ЏЕНЕРАЛ МОТОРС И ФОРД ДА ПРОИЗВЕДУВААТ ОРУЖЈЕ Првите луѓе на компаниите веќе се повикани на разговор

Трамп овој месец побара масовно зголемување на воениот буџет од 500 милијарди долари, на 1,5 трилиони долари, во услови на војната на САД против Иран.

40

Администрацијата на Трамп сака производителите на автомобили и другите американски производители да играат поголема улога во производството на оружје, што потсетува на практиката што се користеше за време на Втората светска војна, објави „Волстрит џурнал“ (WSJ), повикувајќи се на луѓе запознаени со дискусиите..

Високи американски претставници од одбраната разговараа за производство на оружје и други воени материјали со раководителите на повеќе компании, вклучувајќи ги „Џенерал моторс“ и „Форд мотор“. Во разговорите, според весникот, се вклучени и „ЏЕ Аероспејс“ и производителот на возила и машини „Ошкош“.

Разговорите, кои започнаа пред војната со Иран, доаѓаат во време кога администрацијата на Трамп сака производителите на автомобили и другите американски компании да играат поголема улога во производството на оружје.

Функционери на Пентагон за весникот изјавија дека американските производители можеби ќе бидат потребни за поддршка на традиционалните добавувачи на одбраната.

Претставник на Пентагон изјави за WSJ дека Министерството за одбрана е „посветено на брзо проширување на одбранбената индустриска база со искористување на сите достапни комерцијални решенија и технологии за да се обезбеди нашите војници да одржат одлучувачка предност“.

Од руската инвазија на Украина во 2022 година и воените операции на Израел во Газа, САД ги намалија своите залихи на оружје во вредност од милијарди долари, вклучувајќи артилериски системи, муниција и противтенковски ракети.

Трамп овој месец побара масовно зголемување на воениот буџет од 500 милијарди долари, на 1.500 милијарди долари, во услови на војната на САД против Иран.

Поврзани содржини