ТРАМП САКА ДА ГО РАЗБЕРЕ КОНФЛИКТОТ, ЕВРОПА ГО ИГНОРИРА Москва смета дека Вашингтон е пообјективен кога станува збор за Украина

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, оцени дека Европа, заедно со Велика Британија, ги игнорира клучните причини за актуелната криза во Украина, додека Москва и Вашингтон повторно воспоставуваат дијалог, што се потврдува и преку неодамнешните телефонски разговори меѓу претседателите на двете земји, Владимир Путин и Доналд Трамп.

755

Русија гледа дека САД, за разлика од Европа, имаат желба да ги разберат основните причини за конфликтот во Украина, изјави денеска министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.

– Гледаме дека во САД, за разлика од Европа, која, овде ја вклучувам и Велика Британија, целосно ги игнорира основните причини за сегашната ситуација, постои желба да се дојде до суштината на проблемот – рече тој.






Обновата на односите меѓу Москва и Вашингтон започна со состанокот на делегациите во Ријад на 18 февруари, а последните преговори беа одржани во четвртокот во Истанбул.

Покрај тоа, во текот на изминатите 2 месеца, претседателите на двете земји, Владимир Путин и Доналд Трамп, двапати разговараа телефонски.

КОЈ ГО ОБЕЗБЕДУВА ЗЕЛЕНСКИ? Западна воена компанија има 1.000 оперативци низ Украина

Поврзани содржини