ТРАМП ПРАЌА „Ф-35“ ПРОТИВ НАРКОТЕРОРИСТИТЕ НА КАРИБИТЕ Се засилува операцијата во водите кај Венецуела
Мисијата доаѓа само 3 дена по морнаричката операција на САД во водите близу Венецуела во која загинаа 11 лица. Американски сили пресретнаа брод натоварен со дрога кој пловел од Венецуела.
Десет американски воени авиони, ловците „Ф-35“, ќе летаат во Порторико во рамки на најголемата операција против дрогата во регионот последниве години, јави „Ројтерс“.
Извори велат дека планот е тие да ги зајакнат напорите што веќе ги спроведуваат 7 американски бродови и една нуклеарна подморница во регионот, заедно со 4.500 маринци и морнари од 22‑та експедициона единица.
Авионите треба да пристигнат во областа на Карибите до крајот на следната недела.
Мисијата доаѓа само 3 дена по морнаричката операција на САД во водите близу Венецуела во која загинаа 11 лица. Американски сили пресретнаа брод натоварен со дрога кој пловел од Венецуела. Шефот на САД Доналд Трамп изјави дека нападот кон „масивна пратка наркотици“, испратена од „режимот на Мадуро“ и дека се работи за „наркотерористи“.
Од Каракас стигна остар одговор. Претседателот Николас Мадуро нареди мобилизација на 15.000 војници на западната граница со Колумбија и повика на формирање на цивилни одбранбени групи.
Карибите се важна геостратешка американска зона во западната хемисфера, која ја опфаќа синџирот од острови и крајбрежни територии меѓу Северна и Јужна Америка.
Во нејзиното срце се наоѓа Порторико, територија под американска управа, што ја прави клучна база за воени, разузнавачки и антинаркотични операции.
Преку Порторико, САД обезбедуваат директен пристап до воздушните и поморските рути во Карипското Море, а во услови на регионални тензии, како што се оние со Венецуела, Карибите функционираат како предна линија за проекција на сила, влијание и одбрана од транснационални закани.