ТРАМП ПОВТОРНО РАЗМИСЛУВА ДА ВОВЕДЕ ЦАРИНИ ЗА КАНАДА Причината е бизарна – „Кина ќе го укине хокејот на мраз“

Канадскиот премиер Марк Карни објави дека за време на неговата посета на Кина е постигнат договор за намалување на царините за увоз на кинески електрични возила, во замена за пониски царини за канадски земјоделски производи.

11

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно коментираше за можноста за воведување царини за Канада.

Трамп рече дека САД внимателно ги следат активностите на Канада, особено нејзиниот трговски договор со Кина.






-Доколку постигнат договор со Кина, ние ќе направиме нешто многу значајно. Имаме одлични односи со Кина и претседателот Си Џинпинг, но не сакаме Кина да ја преземе Канада – рече Трамп.

По ова следеше една од најбизарните реченици на американскиот претседател:

– Доколку постигнат договор, Кина ќе ја преземе Канада и првото нешто што ќе го направат е да го укинат хокејот на мраз – додаде Трамп.

Канадскиот премиер Марк Карни објави дека за време на неговата посета на Кина е постигнат договор за намалување на царините за увоз на кинески електрични возила, во замена за пониски царини за канадски земјоделски производи.

Поврзани содржини