Американскиот претседател, Доналд Трамп, ја напуштил вчерашната прес-конференција, откако новинарка го прашала за неговата изјава за здравствената заштита за ветераните – објави Си-ен-ен.
Трамп на конференцијата повторно изјавил дека тој ја одобрил здравствената програма за ветераните, но вистината е дека програмата „Ветеранс чојс“ ја донесе поранешниот претседател, Барак Обама, кој законски ја одобри во 2014 година – пишува Си-ен-ен.
– Се обидувавме да ја донесеме таа програма со децении. Ниту еден претседател не успеа во тоа, освен јас – кажал Трамп.