📷 ТРАМП ОБЈАВИ ФОТОГРАФИЈА ОБЛЕЧЕН КАКО ПАПА Конклавата почнува следната недела
Неколку дена пред почетокот на конклавата, изборот за нов папа, американскиот претседател Доналд Трамп објави слика од себе облечен како папата на својата страница „Truth Social“.
Трамп претходно се пошегува дека е подготвен да стане нов папа, а фотомонтажата, која ја објави без придружен текст, најверојатно е создадена со вештачка интелигенција, пишуваат светските медиуми.
На сликата, Трамп како папа седи на позлатен престол, облечен во бела мантија, со митра на главата и големо златно распетие на градите.
Како да благословува, го кренал показалецот од десната рака нагоре, а на домалиот прст носи нешто слично на папски прстен.
Конклавата за избор на нов папа и поглавар на Католичката црква, која брои 1,4 милијарди членови, ќе започне на 7 мај, а бројот на кардинални електори кои ќе изберат наследник на починатиот папа Франциск се намали на 133 откако двајца кардинали изјавија дека не можат да дојдат во Рим поради здравствени проблеми.