ТРАМП НЕ ГО ЧЕПКА ТИК-ТОК ДО ДЕКЕМВРИ Што ќе биде после со оваа социјална мрежа?

Британските медиуми пренесуваат дека одложувањето ќе ѝ даде на кинеската компанија „БајтДенс“ (ByteDance) дополнителни 90 дена за финализирање на договор за префрлање на американскиот имот од ТикТок врз американски сопственици.

37

Американскот претседател, Доналд Трамп, денеска ја потпиша извршната наредба за одложување до 16 декември на спроведувањето на законот од 2024 година, што бара отстранување на кинеската сопственост на Тик-Ток.

Британските медиуми пренесуваат дека одложувањето ќе ѝ даде на кинеската компанија „БајтДенс“ (ByteDance) дополнителни 90 дена за финализирање на договор за префрлање на американскиот имот од Тик-Ток врз американски сопственици.






Трамп денеска потврди дека има договор меѓу САД и Кина за продолжување на работењето на Тик-Ток во САД, а три извори запознаени со ситуацијата рекоа дека договорот е сличен на оној што беше дискутиран претходно оваа година.

„Постигнат е договор за компанија што младите луѓе во нашата земја многу сакаат да ја спасат. Тие ќе бидат многу среќни“, напиша Трамп на својата мрежа Truth Social, алудирајќи на бизнисот на платформата ТикТок во САД.

Поврзани содржини