📽️ ТРАМП ГО ПОЗДРАВИ ДОГОВОРОТ Израел и Хамас договорија прекин на огнот и ослободување на заложниците
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп го поздрави денеска постигнатиот договор помеѓу Израел и Хамас за ослободување на заложниците и за прекин на огнот во Појасот Газа.
„Имаме договор за заложниците во Блиски Исток. Тие ќе бидат ослободени наскоро. Ви благодариме!“, објави Трамп на социјалната мрежа „Трут“ (Truth).
Договорот помеѓу Израел и Хамас е постигнат денеска во Доха.
Договорот за прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците беше постигнат по состанокот на катарскиот премиер со преговарачите на Хамас и одделно со израелските преговарачи во неговата канцеларија.
На прес-конференција во Доха, катарскиот премиер Шеик Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани рече дека прекинот на огнот ќе стапи на сила во недела. Преговарачите работат со Израел и Хамас на чекорите за спроведување на договорот, рече тој.
– Овој договор ќе ги запре борбите во Газа, ќе ја зголеми потребната хуманитарна помош за палестинските цивили и ќе ги обедини заложниците со нивните семејства по повеќе од 15 месеци во заробеништво – рече американскиот претседател Џо Бајден во Вашингтон.
Претходно, палестинската група на отпорот Хамас соопшти дека официјално одговорила на предложениот договор за прекин на огнот со Израел.
Палестинците се собраа во дворот на болницата Ал Акса во градот Газа за да го прослават објавувањето на прекин на огнот.
ख़ैबर ख़ैबर या यहूद
जैश-ए-मोह़म्मद सूफ यऊदगज्जा की जंगबन्दी पर गज्जा वासियों की ख़ुशी. #Gaza
pic.twitter.com/K8kHsx8Cpz— Tarique Anwar Champarni (@Champarni_Tariq) January 15, 2025