Трамп на свадба одржа политички говор: Дали ви недостигам? (ВИДЕО)
Ги добивам сите овие ударни информации и ми кажуваат за границата, за Кина, за Иран. Дали ви недостигам? - запраша Доналд Трамп.
Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп се појави на венчавка во своето одморалиште Мар-А-Лаго на Флорида и додека наздравуваше за младенците, ја искористи приликата да одржи мал политички говор и да се осврне на Бајден, Кина и Иран.
Тој на венчавката која била одржана во текот на минатиот викенд се осврна и на ситуацијата на границата со Мексико и постави уште некои прашања за претседателските избори во ноември на кои загуби од актуелниот претседател Џо Бајден.
– Ги добивам сите овие ударни информации и ми кажуваат за границата, за Кина, за Иран. Дали ви недостигам? – запраша Доналд Трамп.