ТРАМП МУ СЕ ВОСХИТУВА НА КРАЛОТ ЧАРЛС Џеј Ди Венс најави дека САД и Велика Британија може да склучат голем трговски договор
Со недели, официјални лица од САД и од Велика Британија водат разговори кои првично беа насочени кон зајакнување на соработката во вештачката интелигенција и технологијата, но може да опфатат и други стоки.
Има добри шанси САД и Велика Британија да склучат „голем договор“ за трговијата поради љубовта на претседателот Доналд Трамп кон Велика Британија и кон кралското семејство, изјави неговиот заменик Џеј Ди Венс во интервју за британскиот портал Анхрд (UnHerd).
Велика Британија беше поштедена од најстрогите мерки во рамките на првично објавената царинска програма на Трамп, благодарение на фактот што двете земји уживаат добро избалансирани трговски односи. Сепак, британскиот увоз во САД веќе подлежи на царини од 10%, а сектороите за челик и автомобили подлежат на 25%.
Со недели, официјални лица од двете страни водат разговори кои првично беа насочени кон зајакнување на соработката во вештачката интелигенција и технологијата, но може да опфатат и други стоки.
Венс изјави за Анхрд дека американската администрација работи многу напорно со владата на премиерот Кир Стармер.
— Претседателот навистина го сака Обединетото Кралство. Тој ја сака кралицата. Му се восхитува на кралот и го сака кралот. Тоа е многу важна врска. И тој е бизнисмен и има голем број важни деловни односи (во Велика Британија) — рече тој.
Венс посочи дека има добри шанси за „одличен договор“.
— Да, мислам дека има добри шанси да дојдеме до одличен договор што е во интерес на двете страни — рече тој.
Венс, кој зазеде воинствен пристап кон Европа откако стана потпретседател во јануари, го повтори својот став дека сака Европа како целина да ги зголеми трошоците за одбрана и да ги обнови критиките кон украинскиот претседател Володимир Зеленски. Одговарајќи на неодамнешните изјави на Зеленски дека американскиот потпретседател на некој начин ја оправдувал руската инвазија на Украина, Венс рече дека ја осудува Русија од 2022 година, но оттогаш се обидел да ги разбере стратешките цели на двете страни со цел да се најде решение.
-Ова не значи дека морално ја поддржувате руската кауза или дека поддржувате инвазија од целосен обем, но треба да се обидете да разберете кои се нивните стратешки црвени линии, на ист начин како што треба да се обидете да разберете како Украинците се обидуваат да излезат од конфликтот, рече тој.