📽️ ТРАМП КАКО БАЈДЕН, СЕ ЗАТЕТЕРАВИ НА СКАЛИТЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИОТ АВИОН Го стигна ли кармата?

Најпознатиот случај се случи откако Џо Бајден се сопна неколку пати додека се качуваше по скалите на претседателскиот авион Ер Форс Уан во март 2021 година.

527

Американскиот претседател Доналд Трамп (78) речиси падна на скалите синоќа кога се качуваше на претседателскиот авион Ер Форс Уан.

Видеото брзо стана хит на социјалните мрежи, а многумина истакнуваат дека Трамп често му се потсмеваше на поранешниот претседател Џо Бајден кога паѓаше на скалите од истиот авион.

 






Најпознатиот случај се случи откако Џо Бајден се сопна неколку пати додека се качуваше по скалите на претседателскиот авион Ер Форс Уан во март 2021 година.

Во деновите што следеа, Трамп го коментираше инцидентот со потсмевлив тон на политички митинзи и интервјуа, честопати користејќи го за да ја доведе во прашање физичката подготвеност и менталното здравје на Бајден.

На еден митинг, Трамп дури и го имитираше Бајден како паѓа, што предизвика смеа кај публиката. Во таа прилика, тој рече: „Не паднав кога се качував по скалите. И тоа со кожни чевли!“. Додаде дека „светот гледаше“ и дека „претседателот на Соединетите Американски Држави не треба да изгледа како слабак“.

Она што му се случи на Доналд Трамп, пред извесно време му се случи и на државниот секретар Марко Рубио. Трамп подоцна се пошегува дека ова може е како карма, алудирајќи на неговите чести потсмевања на слични инциденти на Џо Бајден.

Трамп има 78 години, додека Бајден беше на возраст 80+ кога падна пред една година. Експертите велат дека најчестите причини за овие инциденти се намалената мускулна маса, балансот и рефлексите – што не е ново за луѓе на нивна возраст.

И Трамп, како и Бајден, е опколен со јавно внимание, па и за него скокањето на сцената е мерка на гордст.

Бајден почесто се качуваше на кратките скали од долниот дел на авионот – безбедни, но сценски потивки. Се ставаат за да се избегнат потенцијални проблеми со ветрот и за фокусирање на безбедноста. Трамп засега нема таква тактика.

Како и да е, кога Бајден паѓаше, тоа се претворашо во дебата околу стареењето. Многумина критичари тоа го нарекуваа „неопходниот доказ за губење на виталноста“. Слични проблеми на Трамп засега се доживуваат како симпатични инциденти.

Поврзани содржини