ТРАМП ЈА РАСИПА КАЛИМЕРАТА СО „ФОКС ЊУЗ“ „Не ја гледајте таа телевизија, смешна е“

Трамп ја обвини телевизијата дека премногу се труди да биде „политички коректна“ и дека посветува премногу време на одбрана и промовирање на неговите противници од Демократската партија.

0

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска упати остри критики до телевизијата „Фокс њуз“, нарекувајќи го нејзиниот уредувачки пристап „смешен“ и ги повика своите поддржувачи да ја заобиколат оваа мрежа и да го следат неговиот предизборен митинг во сојузната држава Канзас преку платформата „Рајт сајд броудкастинг нетворк“ (РСБН).

Трамп ја обвини телевизијата дека премногу се труди да биде „политички коректна“ и дека посветува премногу време на одбрана и промовирање на неговите противници од Демократската партија.






„Фокс посветува повеќе време на одбрана на демократите и претставување на нивните ставови, наместо на ставовите на нивните републикански противници, отколку во кој било период од историјата на ‘Фокс њуз’“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Трут соушл.

Овие критики се надоврзуваат на претходните поплаки на американскиот претседател, кој и порано ја обвинуваше телевизијата дека им дава повеќе медиумски простор на кандидатите што не се од Републиканската партија.

Иако традиционално се смета за медиум наклонет кон конзервативните ставови и поддржувач на политичката агенда на Трамп, „Фокс њуз“ повремено беше јавно критикувана од американскиот претседател, кој генерално одржува конфронтирачки однос со големите медиумски организации.

Поврзани содржини