ТРАМП ИМА МОЖНОСТ ДА ЈА ИСПРАВИ ЗЛОНАМЕРНАТА ПОЛИТИКА НА САД КОН НАС Русија одговори на заканите, го чека предлогот на американскиот претседател

Заменик-амбасадорот на Русија во ОН вели дека Кремљ прво ќе треба да види што ќе содржи предлогот на Трамп, пред да се одлучи за него.

1,613

Заменик-амбасадорот на Русија во ОН одговори на економските закани на Доналд Трамп кон Москва.

Дмитриј Полјански рече дека Кремљ прво ќе треба да види што ќе содржи предлогот на Трамп, пред да се одлучи за него.






„Не се работи само за завршување на војната. Тоа е првенствено прашање на решавање на причините за украинската криза“, изјави тој за Ројтерс.

Треба да видиме што значи „договор“ за Доналд Трамп, вели Полјански.

„Тој не е одговорен за она што САД го прават во Украина од 2014 година, правејќи ја антируска и подготвувајќи ја за војна со нас, но, сега има можност да ја запре оваа злонамерна политика“, заклучи тој.

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го повика рускиот претседател Владимир Путин на разговори за крај на војната во Украина, а во спротивно му се закани со санкции.

Рускиот претседател Владимир Путин  подготви одговор на какви било дополнителни санкции кои би можеле да ја снајдат Русија.

Земјата е погодена од висока инфлација, па рускиот претседател ги повика владата и централната банка да реагираат и да дејствуваат во врска со порастот на цените.

Инфлацијата во Русија во 2024 година порасна на 9,52 отсто, што е зголемување во однос на 2023 година, кога изнесуваше 7,42 отсто.

Поврзани содржини