📽️ ТРАМП ИМ ЈА „УКРАДЕ“ ПРОСЛАВАТА, НО И ПЕХАРОТ Челзи си замина дома со копија од трофејот од Светското клупско првенство
Приказната започнува пред почетокот на самиот турнир, кога претседателот на ФИФА, Џани Инфантино го донел пехарот во Белата куќа. Тој бил изложен во Овалната соба, кадешто на изнадување на многумина, останал таму.
Светското клупско првенство, кое се одржа овој месец и последно во неколку американски градови, привлече огромно внимание уште пред да започне, поради невидениот број учесници (32) и наградниот фонд (две милијарди евра), а потоа и бројните настани на и надвор од теренот за време на самиот турнир.
Неколку дена по убедливиот триумф на Челзи над актуелниот европски шампион Пари Сен Жермен, во финалето во Њујорк, пристигна уште една, благо речено, контроверзна информација за трофејот доделен на „сините“ од Лондон. Според информациите фудбалерите не ја добиле првата верзија, туку копија, бидејќи оригиналот завршил во рацете на американскиот претседател Доналд Трамп.
Приказната започнува пред почетокот на самиот турнир, кога претседателот на ФИФА, Џани Инфантино го донел пехарот во Белата куќа. Тој бил изложен во Овалната соба, кадешто на изнадување на многумина, останал таму.
– Ги прашав: „Кога ќе го подигнете трофејот?“ Ми рекоа: „Никогаш нема да го подигнеме. Може да остане во Овалната соба засекогаш. Правиме нов“. И навистина направија нов. Тоа беше возбудливо, а сега е тука, во Овалната соба – објаснува првиот човек на Соединетите Американски Држави што се случило за време на посетата на претседателот на Меѓународната фудбалска федерација Џани Инфантино.
President Donald J. Trump and First Lady Melania Trump joined FIFA President Gianni Infantino at MetLife Stadium for the @FIFACWC Final! 🇺🇸⚽️ pic.twitter.com/FBW2zMqwxN
— The White House (@WhiteHouse) July 14, 2025
Патем, посебниот третман и (или) потребата на Трамп за експонирање отишле дотаму што, спротивно на традицијата, тој останал на сцената во моментот кога трофејот му бил предаден на тимот на Челзи и им се придружил во прославата на големиот успех.
Според информациите на медиумите, трофејот што го доби Челси како победник на турнирот е идентичен со оној што сега се наоѓа во канцеларијата на Трамп, без никакви разлики во изгледот и квалитетот. Претходно беше објавено дека вредноста на трофејот е 230.000 долари и во него има 24 каратно злато, а кој е изработен од познатиот производител на накит Тифани.
📽️ ЈА УНИШТИ ПРОСЛАВАТА НА ЧЕЛЗИ Трамп не сакаше да слезе од бината откако го додели пехарот