ТРАМП И ФОН ДЕР ЛАЈЕН НАПРАВИЛЕ СУПЕР МУАБЕТ Макрон се надева дека ќе тргне работата со царините

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, нагласи дека царините не се вистинскиот начин за решавање на трговските нерамнотежи и изрази оптимизам дека преговорите ќе продолжат во позитивна насока.

704

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и Претседателот на САД, Доналд Трамп, имале „добра размена“ на мислења и изрази надеж дека ќе се постигне договор за најниски можни царини, објави Ројтерс.

По телефонскиот разговор меѓу Трамп и Фон дер Лајен, Трамп се согласи да ја одложи имплементацијата на 50% царини на увозот од Европската Унија до 9 јули, давајќи дополнително време за трговските преговори . Оваа одлука доведе до позитивна реакција на финансиските пазари, со раст на еврото и со закрепнување на европските акции.






Макрон нагласи дека царините не се вистинскиот начин за решавање на трговските нерамнотежи и изрази оптимизам дека преговорите ќе продолжат во позитивна насока.

Претходно, Фон дер Лајен потврди дека разговарала со Трамп и дека разговорите поминале добро.

Трамп во изјава за новинарите потврди дека ја прифатил нејзината молба, додавајќи дека ќе се состанат наскоро за да видат дали можат да најдат решение.

ТРАМП ГИ ОДЛОЖИ ЦАРИНИТЕ ОД 50% ЗА ЕВРОПСКАТА УНИЈА Првиот човек на САД ја прифати молбата на Фон дер Лајен

Поврзани содржини