ТРАМП ГО НАРЕКУВА „ДЕН НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО“, ЕУ ВЕЛИ – ГУБИТНИЦИ НА СИТЕ СТРАНИ Европската централна банка предвидува пад на БДП во еврозоната

За да бидеме во добра преговарачка позиција, мораме да покажеме оти не сме подготвени да се откажеме, посочи претседателката на Европска централна банка, Кристин Лагард, додека Европска Унија подготвува одговор на американските царини.

551

Трговската војна, што ја иницираше претседателот на САД, Доналд Трамп, треба да предизвика „од кон независност“ на Европа, изјави денеска претседателката на Европска централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард.

– Тој (Трамп) го нарекува тоа во САД „Ден на ослободувањето“, но мислам дека тоа е момент кога заедно треба да одлучиме да ја земеме нашата судбина повеќе во свои раце и мислам дека тоа е од кон независност – истакна Лагард за радиото „Франс Интер“, опишувајќи ја ситуацијата како „егзистенцијален момент за Европа“.






Трамп вчера најави дека на 2 април, како што го нарече „Ден на ослободување“, ќе го претстави сеопфатниот план за воведување на царини, со кој ќе бидат опфатени сите земји, а не само група од 10 до 15 држави.

– За да бидеме во добра преговарачка позиција, мораме да покажеме оти не сме подготвени да се откажеме – посочи Лагард додека Европска Унија подготвува одговор на американските царини.

Според ЕЦБ, еврозоната би можела да забележи пад на бруто-домашен производ (БДП) за 0,3% поради трговската војна на Трамп и за 0,5% во случај на европски одговор, во првата година од спроведувањето на овие мерки.

– Трговската војна создава само губитници – наведе Лагард.

ЦЕЛ СВЕТ ЌЕ БИДЕ ОПФАТЕН ОД ЦАРИНСКИТЕ МЕРКИ НА САД Наближува денот кога Трамп ќе го претстави „Денот на ослободувањето“

Поврзани содржини