📽️ ТРАМП ГО ИЗБЕГНА ПРАШАЊЕТО ЗА ДРОНОВИТЕ ВО ПОЛСКА Вечерата во ресторан му преседна поради демонстрантите

На социјалните мрежи веќе кружат снимки од, како што ја нарекуваат корисниците, „вечерата на Трамп која му преседна“, каде може да се види како поранешниот американски лидер се упатува кон возилото, без да даде изјава, иако бил директно прашан дали има коментар за наводното нарушување на полскиот воздушен простор од руски дронови. На социјалните мрежи веќе кружат снимки од, како што ја нарекуваат корисниците, „вечерата на Трамп која му преседна“.

724

Американскиот претседател Доналд Трамп без збор ги игнорирал прашањата од новинарите за руските дронови во Полска, додека излегувал од ресторан во Вашингтон. Притоа пропалестински протестирачи го исвиркале и опколиле неговото обезбедување.

На социјалните мрежи веќе кружат снимки од, како што ја нарекуваат корисниците, „вечерата на Трамп која му преседна“, каде може да се види како поранешниот американски лидер се упатува кон возилото, без да даде изјава, иако бил директно прашан дали има коментар за наводното нарушување на полскиот воздушен простор од руски дронови.

 






„Газета Експрес“ пренесува дека поранешниот претседател останал без реакција, а неговото молчење дополнително го испровоцирало дел од насобраните демонстранти кои со викотници го испратиле.

– Претседателе, дали имате коментар за руските дронови над Полска? – се слуша прашањето на еден од новинарите, без добиен одговор.

„Тој нема коментар“, била единствената реплика што ја добиле медиумите од еден од соработниците во обезбедувањето на Трамп.

На друга снимка која се прошири на интернет може да се види како Трамп, додека е уште внатре во ресторанот, нервозно им гестикулира на своите обебедувачи да се справат со пропалестинските демонстранти кои довикуваат кон него.

„Тој молеше демонстрантите да бидат исфрлени“, гласи еден од коментарите.

Поврзани содржини