ТРАМП ГО ЦЕНИ ИЗВИНУВАЊЕТО НА МАСК Дали милијардерот сепак отиде предалеку?

„Жалам за некои од објавите за претседателот Доналд Трамп минатата недела. Отидов предалеку“, изјави Маск на својата платформа Икс.

1,173

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го цени извинувањето на Елон Маск, објави денеска Белата куќа, неколку часа откако милијардерот изрази жалење за некои објави што ги објави на социјалните мрежи минатата недела.

„Жалам за некои од објавите за претседателот Доналд Трамп минатата недела. Отидов предалеку“, изјави Маск на својата платформа Икс.






Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, исто така, изјави дека американската администрација не презела никакви чекори во насока на владини договори со компаниите на Маск, пренесува Ројтерс.

Да потсетиме, Трамп минатата недела изјави дека Маск „полудел“ и се закани дека ќе ги раскине владините договори со него, чија вредност се проценува на 38 милијарди долари (28 милијарди фунти). Голем дел од тие средства одат за компанијата на Маск за вселенска технологија, Спејс икс.

„Њујорк Тајмс“ денеска објави, повикувајќи се на три извори, дека Трамп добил телефонски повик од Елон Маск доцна во понеделникот и дека Маск изразил жалење за некои од неговите објави на социјалните мрежи минатата недела.

МАСК ПРИЗНА ДЕКА ЈА ПРЕТЕРАЛ РАБОТАТА СО ТРАМП Милијардерот се кае за своите зборови и си ги брише коментарите

Поврзани содржини