ТРАМП ГИ ОДЛОЖИ ЦАРИНИТЕ ОД 50% ЗА КАНАДА Најави изградба на гасовод меѓу двете земји

Во објава на социјалната мрежа Truth Social, Трамп изјави дека одлуката за одложување е донесена затоа што двете земји, под услов да се комплетираат документите, постигнале договор кој сè уште не е формално потврден.

1

Американскиот претседател Доналд Трамп го одложи за три дена воведувањето нови царини од 50% за канадските стоки, тврдејќи дека Вашингтон и Отава постигнале договор.

Во објава на социјалната мрежа Truth Social, Трамп изјави дека одлуката за одложување е донесена затоа што двете земји, под услов да се комплетираат документите, постигнале договор кој сè уште не е формално потврден.






Новите царини требаше да стапат на сила денеска и да опфатат околу 20 милијарди долари канадски увоз.

Соопштението следеше по разговорот на Трамп со канадскиот премиер Марк Карни, додека американските и канадските претставници интензивно преговараа за трговски прашања во последните денови.

Една од главните точки на спор беа американските царини за канадските автомобили, за кои се разгледуваше намалување од 25 на 15%.

Деталите за можниот договор сè уште не се познати.

Трамп, исто така, посочи на можноста за рестартирање на проектот за гасоводот Keystone XL, кој беше откажан во 2021 година од тогашниот американски претседател Џо Бајден.

Поврзани содржини