ТРАМП БАРА ИРАН ДА ГИ ОСЛОБОДИ 8-ТЕ ЖЕНИ КОИ НАВОДНО ТРЕБА ДА БИДАТ ОБЕСЕНИ Ве молам, не им наштетувајте

На социјалните мрежи се споделуваат фотографии од 8 жени и се тврди дека денеска ќе бидат погубени во Иран.

180

Американскиот претседател Доналд Трамп ги повика лидерите на Иран да ги ослободи 8-те жени за кои на социјалните мрежи се пишува дека ќе бидат обесени денеска затоа што учествувале во протетсите против власта.

„До лидерите на Иран, кои наскоро ќе разговараат со моите претставници: би бил многу благодарен доколку ги ослободите овие жени“, напиша американскиот претседател на неговата социјална мрежа Трут соушл, реагирајќи на непотврдените извештаи дека Иран планира смртна казна врз нив.

Сигурен сум дека и тие би го ценеле тој гест, додаде тој.

„Ве молам не им наштетувајте! Тоа би бил одличен почеток на нашите преговори!“, додаде Трамп.

На социјалните мрежи се споделуваат фотографиите од 8 жени и се тврди дека денеска ќе бидат погубени во Иран.

Техеран по масовните демонстрации во јануари уапси десетици демонстранти, за кои најави дека ќе им изврши смртна казна.

 

Поврзани содржини