ЈА КИДНАПИРАЛ, ЈА СИЛУВАЛ, ЈА ТЕПАЛ И 3 ДЕНА ЈА ДРЖЕЛ ПОРАНЕШНАТА ДЕВОЈКА ВО ЗАЛОЖНИШТВО Успеала да избега и да пријави во полиција

28-годишна жена од скопско пријави дека на 17.4.2026 година во Дебар поранешниот партнер И.В. на сила ја внел во патничко возило, ја однел во куќа на роднина, каде ја силивал и ја малтретирал, соопшти полицијата.

0

Маж ја киднапирал поранешната партнерка, ја силувал и ја држел 3 дена во заложништво, соопшти полицијата.

„Утрово во 4 часот во СВР Скопје, 28-годишна жена од скопско пријави дека на 17.4.2026 година во Дебар, каде што престојувала со вонбрачниот партнер, откако излегла од угостителски објект, на сила била внесена во патничко возило од поранешниот нејзин партнер И.В.. Возилото го управувало друго лице. Отишле во куќа на роднина на И.В. во скопско село. Според пријавеното, таму со сила била држена до 20.4.2026, а поранешниот партнер извршил обљуба врз неа и физички ја малтретирал“, соопшти полицијата.

На 20.4.2026 околу 19:30 часот таа успеала да побегне и го пријавила случајот, се додава во соопштението.

„Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави“, се вели во соопштението на полицијата.

Поврзани содржини