ТРАМП ЈА ТУЖИ ВНУКА МУ МЕРИ Ги објавила неговите даночни затајувања од 90-тите
Трамп смета дека внука му Мери го прекршила договорот кој ѝ забранувал да објавува документи за даноците. Мери минатата година и самата во своја книга со мемоари објави дека од нејзе протекла приказната за даночните затајувања на Трамп.
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ќе ги тужи својата внука Мери и новинари од „Њујорк Тајмс“ затоа што во 2018 година биле „ангажирани во подмолен заговор“ да ги разоткријат неговите сомнителни даночни шеми во 90-тите, пишува Би-Би-Си.
Трамп смета дека внука му Мери го прекршила договорот кој ѝ забранувал да објавува документи за даноците. Мери минатата година и самата во своја книга со мемоари објави дека од нејзе протекла приказната за даночните затајувања на Трамп.
Во својата книга, Мери опишува како им ги доставувала даночните документи на новинарите од „Њујорк тајмс“.
„Тропнав на вратата на Мери Трамп. Таа ја отвори. Мислам дека тоа е новинарство“, напишала на Твитер една од новинарките од весникот, г-ѓа Крег.
Книгата на Мери има и скандалозно име: „Премногу и никогаш доволно: Како моето семејство го создаде најопасниот човек на светот“, а Трамп, иако ја тужи за протечените информации, го негира она што внатре го објавила внуката за него. Еве како тој ја срочи својата тужба:
„Група новинари од „Њујорк тајмс“, среде обемната крстоносна војна за да ги добијат доверливите даночни документи на Доналд Трамп, безмилосно ја побараа неговата внука Мери…и ја убедија да ги прошверцува записите од нејзиниот адвокатски кабинет“, се наведува во обвинението.

Но и Мери не останала покусо со тужбите. Таа лани го тужела Трамп и двајца членови на семејството, неговиот брат и сестра, дека ја измамиле и ѝ го зеле наследството. Мери и самата е адвокатка, има 56 години, а внука му е на Трамп од неговиот постар и починат брат, Фреди Трамп.
Додека случајот се расчистува се јавија и од „Њујорк Тајмс“. Портпаролот на весникот, Даниел Роадс Ха, рече дека тоа што весникот известувал за даночните шеми на поранешниот американски претседател „им помогна на граѓаните да ги информираат преку педантно известување за темата од огромен јавен интерес“ и дека тужбата на Трамп за Мери е „обид за замолчување на независните новински организации“.