ТРАМП ЈА ОТПУШТИ ОБВИНИТЕЛКАТА КОЈА ГО ВОДЕШЕ СЛУЧАЈОТ ЗА ЕПШТАЈН Добила отказ без објаснување
Министерството за правда на САД не ѝ соопштило на Коми која е причината за отпуштањето. Таа добила меморандум во кој се наведува дека претседателот на САД има овластување да отпушта обвинители според член 2 од американскиот Устав.
Федералната обвинителка Морин Коми која работеше на обвиненијата против соработничката на Џефри Епштајн, Гислејн Максвел, и музичарот Шон „Диди“ Комбс доби отказ.
Министерството за правда на САД не ѝ соопштило на Коми која е причината за отпуштањето. Таа добила меморандум во кој се наведува дека претседателот на САД има овластување да отпушта обвинители според член 2 од американскиот Устав.
Коми е најстарата ќерка на поранешниот директор на ФБИ, Џејмс Коми, кого американскиот претседател Доналд Трамп го отпушти за време на неговиот прв мандат во Белата куќа, а кој моментално е под истрага заедно со поранешниот директор на ЦИА, Џон Бренан.